Достапни линкови

Се додека политиката игра главна улога во економијата нема да има странски инвестиции, велат експерт


Се додека во Македонија наместо правната сигурност, политиката односно политичарите ја имаат главната улога во економијата, а притоа се водат од личниот интерес, странските инвестори ќе ја одминуваат државата при одлуката дали да вложат во некој свој бизнис во неа, коментираат економските експерти. Обелоденувањето на т.н. афера Хотелска Окта во која опозицијата ја обвниува власта за малверзации при продажбата на земјиште за изградба на хотел во центарот на Скопје, или настанот со продажбата на ТЕЦ Неготино во која беа изнесени обвинувања дека е избрана најниската понуда од сите кои што учесуваа во продажбата, па потоа во минатото случаите со продажбата на земјиштето Рамстор, или пак влезот на хотелот Хилтон во државава, се случаи кои што покажуваат дека во Македонија не се почитува законската регулатива, или пак таа се менува со секое доаѓање на одредена политичка партија на власт:

„Тие закони со години, но кај нас секоја партија ги менува. Но, ајде да ги оставиме тоа, туку кај нас и во примена на законите имаме проблем. Проблем е да речеме, да имаме јавен тендер, а тој значи да се соберат повеќе пари, потоа тие пари одат во државниот буџет или пак тоа значи да имаме поголема благосостојба, но кај нае е обратно секој кој што кај нас доаѓа во Владата му е личниот интерес, а државниот им е дури на крајот место обратно да биде.“

Објснува економскиот експерт, универзитетскиот професор Милан Илиевски. Тој пренесува и лично искуство при контакт со странски инвеститори кои биле заинтересирани за инвестирање во земјава:

„Француска фирма ми се јави за да им направам студија за општествена оправданост за вложување во Скопје и да им ги кажам трошоците. На крајот ми рекоа: професоре во вашата држава не е сигурно, жал ни е, имате убава местоположба, на 200 километри е Софија, Тирана, имате во близина море, но не е сигурна правно, законите не се применуваат. Ете така ,,завршуваме,, со странците“

вели професор Илиевски. И бизнисменот Зоре Темелковски кој има искуство со привлекување на странски капитал за вложување во државава, конкретносо случајот Шведска млекара, вели дека политиката го има пресудниот збор во македонската економија:

„Штом политичарите се расправаат кој нормален ќе дојде тука да инвестира, кога се влегува во систем на политичари.“

Изјавува Темелковски.
XS
SM
MD
LG