Достапни линкови

logo-print

Москва: Кандидатот за премиер на Русија Виктор Зубков на разговори во Думата


Виктор Зубков, ненадејниот избор на рускиот претседател Владимир Путин за нов премиер денеска разговарал со пратениците во Думата пред утрешното гласање за неговото наименување. Путин го предложи Зубков откако вчера ја прифати оствката на премиерот Михаил Фрадков. Шеесет и шест годишниот Зубков е еден од блиските соработници на Путин кој вчера изјави дека било неопходно да наименува нова влада со цел подобра подготовка на парламентарните избори во декември годинава, и на претседателските во март догодина. Според Уставот, Путин не смее и по трет пат да се кандидира за претседател.
XS
SM
MD
LG