Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Смртноста на децата во светот намалено на најниско ниво до сега


Смртноста на децата во светот е намалена на најниско ниво досега, се наведува во најновиот извештај на УНИЦЕФ. Во него се прецизира дека во минатата година умреле девет милиони и седумстотини илјади деца под пет години, што е за скоро една четвртина помалку од смртноста во илјада деветстотини деведесетата година. Тоа се објаснува со зголемувањето на нивото на редовното вакцирање на децата и на другите превентивни мерки. И натаму најголема е смртноста кај децата во потсахарска Африка. Лани таму умреле скоро пет милиони деца.
XS
SM
MD
LG