Достапни линкови

Токио: Хоспитализиран јапонскиот премиер Шинзо Абе


Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска бил хоспитализиран поради стрес и исцрпување, само еден ден откако ја најави својата оставка на таа функција. Од универзитетската болница во Токио е објавено дека тој таму ќе останел најмалку три дена. Пеесет и две годишниот Абе оставката ја образложи со политички причини, но извори блиски на неговиот кабинет велат дека врз донесувањето на одлуката за заминување влијаела здравствената состојба на Абе. Не е прецизирано за каква болест станува збор.
XS
SM
MD
LG