Достапни линкови

Како повлекувањето ќе влијае на американската воена стратегија во Ирак?


Во изминативе нешто повеке од четири години кога беа нападите врз Ирак, може да се служнат различни размислувања за официјата политика на Соединетите држави. По отворањето на темата за повлекување на американските сили од Ирак се почесто се поставува прашањето дали намалувањето на бројот на војниците ке биде фактор дека има напредок во земјата.

За американската политика во Ирак може да се слушнат различни мислења. Според некои истражувања, голем дел од американците се противници на ирачката војна, па се поставува прашањето дали доколку започне повлекување на војската наредната пролет, тоа би се одразило позитивно на америмканската воена стратегија.
Ентони Кордесман , аналитичар од Центарот за стратешки и мегународни студии, истражувачки центар од Вашингтон вели
дека тоа ке зависи од тоа дали ке се случи политичко помирување во Ирак до следната пролет. Според него сепак не е се во военото присуство. Тоа е фактор, никој не може да го негира тоа, вели тој и додадава, точно е и тоа дека ке ги редуцираме силите и тоа ке биде ако последиците се намалат, ако загубите на опрема се намалат, со тоа ке се испрати позитивна порака. На прашањето дали има можност ако американците го видат тоа, видат подобрување, да се зголеми поддршката на воената политика, Кордесман вели

„Јас мислам дека треба да бидеме многу, многу претпазливи тука. Американците, мислам политичарите, аналитичарите и новинарите нема да ја ценат војната во таа смисла. Тие ке гледаат на политичката структура во Ирак, на развојот на тамошните безбедносни сили, квалитетот на владеење на ирачката влада, од сето ова ке зависи судот за тоа дали нешто било добро или не . “

За тоа дали воните достигнувања сами по себе може да доведат до успех или тоа треба да оди заедно со политички елементи еве што вели Мајкл О Хенлон од студиите за мегународна политика на Брукинг институтот од вашингтон

„Нема шанси воениот прогрес сам по себе да биде доволен. Да претпоставиме теоретски, американски војници да останат во земјата 10 години и некако да ги убедиме ирачаните да не толерираат , може да се претпостави дека тие ке продолжат да се мрзат мегу себе, но од друга страна ние ке обезбедиме сигурност, ке почне економијата да се развива и тоа може ад биде ситуација што ке се толерира. Но тоа не е целта. Она што е потребно, е ирачка популација која ке верува на своите безбедносни сили и да има сили кои ке функционираат кога се составени од припадници на различни групи“

О Хенлон укажува дека тоа може да се постигне ако политичките лидери почнат да испракаат пораки дека е важно да се биде заедно.
XS
SM
MD
LG