Достапни линкови

logo-print

Пратениците треба да се однесуваат поодговорно за тензиите, став на експертите


МВР поднело кривична пријава против три лица кои се сомничат како главни актери на случувањата во Ваксинце, информираат од Министерството за внатрешни работи. Заим Халили кој откако бил повреден пребегал на Косово, се очекува да биде побарана екстрадиција од страна на Министерството за правда. Од МВР веруваат дека токму Халили доколку биде екстрадиран би ги појаснил мотивите за настанот кој заврши трагично по еден приопадник на полицијата. Настанот во ваксинце отвори собраниска дебата нас која меѓу другото го постави прашањето на обезбеденоста на полициските патроли на теренот и дали нминистертсвото за внатрешни работи треба да преземе мерки во насока на поголема заштита во слични ситуации. Портпаролот на полицијата во врска со ова вели.

„Стоиме на тоа дека во МВР работат професионалци коишто секојдневно ја проценуваат безбедносната состојба. Во конкретниов случај, според сите сознанија, а тие сознанија делумно ги потврдија и меѓународните претставници во земјава е дека се работи за изолиран инцидент, од страна на криминална група. За жал, инцидентот заврши трагично по еден припадник на МВР, но останува констатацијата дека работата во МВР и секојдневното справување со криминалот и криминалците носи ризик.“

Точката на собраниската седница посветена на случувањата во Ваксинце заврши без целосен консензус околу заклучоците кои ги предложи опозицијата а дискусијата заврши на меѓусебните обвинувања врзани за безбедносната состојба во земјава како и со многу тези и конструкции за позадината на настанот. Пратениците треба да бидат поодговорни во врска со настанатите тензии, зошто вербалното зголемување на тензиите може да се рефлектира и на состојбите на теренот, предупредува аналитичарот Албер Муслиу. Сите дефиниции кои ги слушнавме во парламентот не мора да се вистинити но тие влијаат на луѓето, додава Муслиу

„Со поодговорно однесување тие може да влијаат за смалување на тензиите. А, на начинот на којшто се однесуваат, не само сега, туку подолг временски период тие придонесуваат да се зголемуваат тензиите.“

И политикологот Дане Талески смета дека Парламентот не треба да се впушта во дикусија дали станува збор за безбедносен или политички проблем.Сепак секогаш е подобро да има конфилк во парламенот отколку на тернот додава Талески.

„Но, мислам дека е многу важно Собранието да е вклучено во нивото на политички дијалог, ова не е само безбедносен проблем, туку меѓуетничките односи може да бидат доведени во прашање.“

вели Талески.
XS
SM
MD
LG