Достапни линкови

Многу прашања, фалат одговори


Само меѓусебно барање одговори и обвинувања си изрекуваат власта и опозицијата изминатиов период за афери во кои што обелоденуваат коруптивни скандали кои државата ја чинеле милионски суми, а засега ниту една од двете страни за аферите и доказите кои што од прес конференции и ги приложуваат на јавноста, не бараат веднаш и институционална разрешница. За т.н. случај Хотелска Окта, во кој опозиционата СДСМ ја обвниува владеачката ВМРО ДПМНЕ за малверзации при продажбата на земјиште за изградба на хотел во центарот на Скопје, од опозицијата ќе инсистираат на одоговор од власта, а ќе чекаат институциите на системот сами да пројават интерес за овој случај. Јани Макрадули од оваа партија истакнува:

„Планираме уште неколку дена да вадиме некои нови информации, после тоа се надевам дека природно ќе биде да се заинтересира обвинителството за ова. Ако не се заинтересира, подготвуваме стратегија како сето тоа да го презентираме на надлежните институции.“

И додека СДСМ чека одговор од премиерот Никола Груевски за случајот хотелска Окта, ВМРО ДПМНЕ ден по обелоденувањето на оваа афера излезе со обвинувања до лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска за нејзините мотиви при склучувањето на договорот за продажба на државното Електростопанство, со кој државата треба да им исплати до крајот на годината 22 милиони евра на новите соптевеници австриската ЕВН. И ВМРО ДПМНЕ ќе чека одговор, наместо институционално да реагира:

„Практиката во Република Македонија покажува дека за ваква афера потребно е прво да се прозве актерот и да одговори на прашањата кои се поставени,“

изјавува Александар Бичиклиски порптапрлот на ВМРО ДПМНЕ. Но наспроти тврдењата од двете најголеми политички партии кои што тврдат дека овој начин на реагирање без да се бара инситтуционална разрешница не претсаува политичка пресмета, експертите со поинаков став.

„Се поставува прашањето на меѓусебно преќутно договарање за непреземање конкретни мерки едни кон други,“

вели Слаѓана Тасева поранешен претседател на Антикорупциската комисија. Освен случајот со продажбата на земјиштето за изградба на хотел и продажбата на ЕСМ, за кои што сеуште не е реагирано институционално, јавноста чека конкретна разрешница и за случаите ,,Фершпед,, инволвиранотста на премиерот груевски во договорот склучен со „Окта“, случајот во Министесрството за одбрана во кој првобивнител е поранешниот премиер Бучковски, или најновиот случај во ,,Јака Табак“ односно малверации при продажбата на тутун.
XS
SM
MD
LG