Достапни линкови

Москва: Русија тестирала најсилна вакуумска бомба во светот


Русија соопшти дека ја тестирала најсилната вакуумска бомба на светот, која како што се наведува, е 4 пати посилна од соодветната бомба од американско производство, јавува руската ТВ- станица Прв канал. Висок претставник на руската армија изјавил дека тестот покажува оти ефикасноста и силата на ова оружје одговара на нуклеарното, со тоа што употребата на вакуумската бомба не ја загадува околината. Телевизијата прикажала снимка на која стратегиски бомбардер Тупољев ја исфрла бомбата тешка 7 илјади и 100 килограми, по што настанала силна експлозија. Според познавачите, вакуумската бомба предизвикува огромно разорување.
XS
SM
MD
LG