Достапни линкови

Скопје: Посета на црногорскиот претседател Филип Вујановиќ


Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Македонија. Тој ќе се сретне со својот македонски колега Бранко Црвенковски, со кого ќе разговара за унапредување на билатералната соработка, за состојбите во регионот и за исполнувањето на реформите во евроинтегративните процеси. Двајцата претседатели утре заеднички ќе ги посетат црквата "Св.Спас", Куршумли Ан и Даут Пашиниот Амам, по што ќе следува и прошетка низ старата скопска чаршија.
XS
SM
MD
LG