Достапни линкови

Театарски претстави на бездомници


Во Прага во паркот Петрињ неодамна се одржуваа театарски претсттави на импровизирана сцена, глумците не беа професионалци, туку бездомници. Сепак станува збор за театар кој учествуваше на театарски фестивал за бездомници и доби сребрен медал

Облечени во костими, на импровизирана сцена го изведуваа Фауст од Гете. Но, не станува збор за обични карактери кои ја прикажуваат германската класика. Тие се дел од Јизек и Чизек театарот кој го сочинуваат бездомници од Прага кои имаат талент. Кога се на сцената, веке не се бездомници, тие се актери.
Станува збор за посебен проект во кој од почетоците пред 6 години учествувале околу 300 лица. Изведбата на Фауст е заеднички проект во соработка со мајак театарот, амтерска театарска компанија од Прага.
Јакуб Чапка, продуцент во Мајак Театарот вели дека работата со Јизек и Чизек е посебно искуство

„Нашиот Мајак Театар не е професионален. Ние сакаме слободна игра и сакаме да импровизираме. Ние делиме исти идеи за слободата со Јизек и Чизек. Овој пат повекето од времето импровизиравме. Интересно е да работи со луге кои целосно се посветени на она што го работат, недостатокот на искуство не е важно“

Но, поставувањето на идеалот на сцената не секогаш е лесно.
Проект менаџерот Олга Цислерова вели дека често е тешко да ги организира изведувачите, некои од нив пијат, често спијат на улица, се разболуваат, а понекогаш и исчезнуваат на денот на изведбата.
Оние кои остануваат во програмата имаат и добивка, Цислерова вели

„Нашите актери се луге кои се бездомници, или кои биле бездомници, тие го имаат тоа бездомничко искуство. Како прво цел на проектот е да им се помогне на овие луге, да се мотивираат и повторно да се вклучат во општеството да најдат работа, но прво мотивација. И како второ на општеството да му се покаже што значи да си бездомник, дека тоа не се луге кои живеат само на улица, туку и дека можат да направат нешто, да му покажат на општеството дека знаат да глумат, да работат нешто“

Петар Блаха бил механичар, но ја загубил работата, по што се наога на улица. Денеска тој е еден од актерите на Јизек и Чизек театарот

„Сакам да глумам овде, сакам да се изразам. Она што е важно е тоа што ова ми дава значење на животот, посебно чувство.“

Јизек и Чизек таетарот неодамна учествуваше во Унгарија на фестивал на вакви театри и освои сребрен медал, а според проект менаџерот Цислерова, Москва може да биде следната дестинација.
XS
SM
MD
LG