Достапни линкови

Собранието не ги изгласа заклучоците за безбедносната состојба


Оливер Спасовски во име на пратеничката група на СДСМ која ги изготви заклучоците даде образложение:

„Побаравме во еден од заклучоците да се утврди и одговорноста на МВР, па дури и на Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Токму од тие причини ги предложивме овие заклучоци, се со цел да излеземе како одговорно Собрание во Република Македонија.“

Во заклучоците понатаму се бара Владата да ја информира јавноста еднаш неделно да ја информира јавноста за безбедносната ситуација во земјава, еднаш месечно да доставу ва до Собранието анализа и безбедносна проценка, како и констатирајќи дека безбедносната состојба во земјата е нарушена, Советот за безбедност на одржи седница на која ќе се усвојат препораки за идните активности на надлежните институции. Рафиз Алити од ДУИ ги повика пртениците да гласаат за заклучоците. Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ образложи зошто власта нема да гласа позитивно:

„Не можеме ние да се согласиме со тоа да прејудицираме вина и да бараме одговорност кога сеуште не се завршени истражните дејства. Во исто време не можеме да се согласиме со квалификациите дека Собранието на Република Македонија треба да констатира дека безбедносната ситуација во Република Македонија е нарушена.“

Агим Рамадани од ДПА рече дека оваа партија целосно ги отфрла заклучоците, затоа што тие целосно ја дезинформираат јавноста во врска со безбедносната состојба:

„Да не ја дезинформираме јавноста. Државата и полицијата и сите органи ја вршат својата работа, единствено тоа што не одговара во оваа држава е организираниот криминал, криминалците тие кои се во спротивност со законот и тие кои не сакаат да одговараат пред правдата.“

Очигледно, настанот во Ваксинце е предизвикан од лошо испланирана полициска акција, а не од полициска патрола и бидејќи парламентот беше изманипулиран од страна на министерката за внатрешни работи, рече Јово Манасиевски од ЛДП, најпрвин е потребно да се одржи состанок на Комисијата за одбрана, за како што рече да се создаде јасна слика за настанот.
XS
SM
MD
LG