Достапни линкови

Практична поддршка во борбата против тероризмот


Пресвртница во безбедносниот поредок во светот претставуваа нападите на 11 септември врз Соединетите држави кои покажаа дека ниту една земја не е имуна од т.н. асмиетрични закани, по што започна глобалната војна против тероризмот. За разлика од другите земји кои што само вербално ја поддржуваат борбата против тероризмот, Македонија ова го покажаа и практично, со испраќање на свои сили и во мисииите во Ирак, Авганистан, велат експертите за предизвиците кои ги прифати и нашата држава, а кои што произлегоа по терористичките напади врз Соединитете Држави.

„Република Македонија според капацитетите што ги има, не само декларативно, како што голем дел од земјите прават, дека поддржуваат, но во пракса се држат на страна, Република Македонија тоа го одработува и практично со свои сили, средства и придонес.“

истакнува професор Трајан Гоцевски од Институтот за одбрамени и мировни студии при Филозофскиот факултет. Во оваа насока меѓународните мисии, заедно со останатите реформи, го трасираа уште претходно зацртаниот пат на државава за членство во НАТО. Приемот на земјава и останатите држави од Јадранската група, Албанија и Хрватска е од исклучително значење смета професор Гоцевски, бидејќи во период на решавање на Косовското прашање, присуството на одредени радикални струкутури на Балканот и безбедносните ризици што во оваа насока се исправени пред државата, во спротивно би можеле да станат реалност.

„Во оваа фаза, интерес и на НАТО и ЕУ е да настане поширока стабилизација на регионот“

За разлика од 2002 година кога Македонија се вклучи во глобалната борба против тероризмот и испрати по десетина свои војници во Авганистан и во Ирак, сега вкупниот број на пропадници на македонската армија во овие две земји и уште во Босна и Херцеговина каде учествува во мисијата Алтеа и во Либан во мисијата на ОН, има вкупно 250 војници.

„Посебно треба да се истакнат и пофалбите и благодарноста од американската администрација. Нашата интенција е до 2010 година да го зголемиме присуството во сите мировни мисии, со што ќе придонесеме за зголемување на стабилноста и мирот во светот,“

вели портпаролот на Министерстовот за одбрана Захарие Вулгаракис.
XS
SM
MD
LG