Достапни линкови

Убиен командир на полициска станица и 19 годишно момче


Командирот на полициската станица го загубил животот, а двајцата полицајци се ранети во кумановското село Ваксинце. Полициската патрола била нападната синоќа, околу еден часот по полноќ, на влезот на селото информира портпаролот на МВР Иво Котевски:

„При нададот, тру службени лица од полициската станица Ваксинце се повредени, при што командирот Фатмир Алили починал на пат кон медицинскиот центар Куманово, а по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар Куманово се префрлени двете лица, едното поради сериозноста на повредите е пренесено во ургентниот центар Скопје и според последните информации двете службени лица се наоѓаат вон животна опасност.“

Според непотврдени информации, во престрелката бил ранет и еден од напаѓачите, а до неа дошло откако полициската патрола била испратена да изврши апсење на за сега непознато лице. Од МВР ова не можат да го потврдат, додавајќи дека трагаат по мотивот и идентитетот на сторителите на нападот.

Инаку, пукање од огнено оружје синоќа имало и во скопско Топанско Поле, при што е убиено едно 19 годишно момче Ариф Беќири:

„Според првичните информации, од страна на две, за сега непознати лица кои говореле на албански јазик, извршено е убиство при што го турнале на земја убиениот и извадиле пиштоли со кои пукале кон него и веднаш потоа се дале во бегство. Од СВР Скопје се подигнати 11 чаури и два проектили.“

Амбулантната кола го однело момчето во Градската болница каде била констатирана неговата смрт.
XS
SM
MD
LG