Достапни линкови

Неколку илјади наталожени спорови поради сеуште неформираниот Управен суд


Целосна блокадата на неколку илјади предмети и незадоволство меѓу засегнатите странки, поради сеуште неформираниот Управен Суд. Неколку месеци откако законот со кој се формираше овој вид на суд, а поради тоа Врховниот суд кој претходно ги решаваше управните постапки запре со работата по нив, целиот процес во ,,заложништво,, мегу владата, опозицијата и претседателот на државата кои што сеуште неможат да се договорат околу комплетирањето на Судскиот совет, во чија надлежност е изборот на судиите кои треба да работат во Управниот суд. За товарот на и онака судската неефикасност сега обременета и со нови проблеми, што лично го почувствувала во обидот да биде решен нејзиниот предмет една граѓанка вели:

„Како граѓанин сум била оштетена од некое правно лице кое сеуште си ја остварува својата дејност, а јас не можам еве веќе 11 година да си го наплатам тој минимален долг. Јас сум еден пример зошто во судот се полни архивите на нерешени предмети.“

Со блокадата на судските реформи, конкретно сеуште неформираниот Управен суд, се доведе во тешка ситуација правото на странските да бараат заштита на своите права во управните постапки, што преставува уставна категорија, реагира пак адвокатот Шпенд Деваја. Граѓаните не заштитени, а институциите нема кој да ги контролира, предупредува Деваја на последиците од оваа ситуација.

„Во ваква ситуација е многу тешко за граѓаните, бидејќи им се дозволува на управните органи да работат како што сакаат, затоа што во моментов нема никаква контрола.“

За споредба пред измената на законот со кој се одобри формирањето на Управниот суд, Врховниот суд кој беше надлежен да одлучува по овие предмети, месечно одлучувал по 600-700-тини управни спорови. За сегашната бројка наталожена во судот, претседателот на Врховниот суд Дане Илиев информира:

„Секој ден, доаѓаат уште, ги примаме како Врховен суд, некаде бројката ориентационо се движи околу 4 илјади.“

Порака до партиите да се договорат околу изборот на членови во Судскиот совет, за одблокирање на реформите во правосудството, испраќа и претседателот на Советот Бекир Исени.

„Тоа е на штета на сите граѓани, а да потенцирам посебно, дека тој суд ќе биде надлежен и за решавање на изборни предмери. Апелирам да бидат избрани само стручните, тогаш ќе имаме просперитет.“

Спроведувањето на судските реформи се клучни во аспирациите на Макеоднија за членство во ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG