Достапни линкови

Исламабад: Екс пакистанскиот премиер Шариф уапсен и депортиран за Саудиска Арабија


Поранешниот пакистански премиер Назаф Шариф бил уапсен и депортиран за Саудиска Арабија, неколку часа откако денеска се врати во Исламабад по седум години минати во егзил. Шариф беше соборен од власт во илјада деветстотини деведесет и деветата година со воен пуч што го претводеше сегашниот претседател Первез Мушараф. Шариф тогаш беше осуден на доживотен затвор, поради корупција и киднапирање, но потоа беше протеран од земјата под услов десет години да не се враќа во земјата. Тој се врати со образложение да се бори против Мушараф на изборите планирани кон крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG