Достапни линкови

Отворена американска закана за територијалниот интегритет на Србија


Отворена американска закана за територјалниот интегритет на Србија, оцени српскиот државен врв откако помошникот на американскиот државен секретар за еропски и евроазиски прашања Курт Вокер изјави дека Вашингтон е подготвен да ја признае независноста на Косово, доколку во Советот за безбедност не се постигне консензус за неговиот статус. Оваа изјава за Приштина е со цел да се оневозможат бескрајните преговори за прашањето кое, како што се наведува, очигледно не можела да биде решено со консензус.

Реагирајќи на изјавата на американскиот претставник Курт Вокер премиерот на Србија Воислав Коштуница наведе дека таа го загрозува суверенитот на Србија и оти српската влада за тоа го предупредила Советот за безбедност на Обединетите Нации. Владата на Србија очекува од Советот, согласно со неговите овластувања, да преземе соодветни мерки за да ги заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија од политиката на сила на Соединетите Држави и да обезбеди почитување на Резолуцијата дванаесет четириесет и четири. И шефот на Координативниот центар за Косово Вуко Антониевиќ ја осуди изјавата на американскиот претставник.

„Мислам дека тоа е лоша порака, пред се за албанците. Наместо Америка, која ина големо влијание врз нив, им каже да се воздржат, таа дури ги поддржува. Мислам дека тоа е непримерно за една сила и земја како Америка. Не разбирам какви тоа обврски имаат американците спрема косовските албанци.“

По повод изјавата на Курт Вокер се огласи и партијата на шефот на државата Борис Тадиќ. Демократската партија остро се противи на изјавите за еднострано признавање на независноста на Косово, вели портпаролката на партијата Јелена Марковиќ, оценувајќи дека тие поттикнуваат екстремизам и ги поткопуваат напорите на преговарачките страни. Во Приштина пак, изјавата на Вокер е поздравена од тамошните институции и политички партии

„Ние сме во тесно партнерство и блиска соработка со Соединетите Држави и Европската Унија и нашиот процес за статусот ќе биде координиран, бидејќи имаме заедничка цел, перспективно Косово. Соединетите Држави многу пати и на највиско државно ниво повторија дека се за независно Косово.“

Изјави претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, додавајќи дека Приштина ќе биде конструктивна во дополнителните преговори со цел да се дојде до независна држава Косово. Портпаролот на косовскиот премиер Авни Арифи пак, вели дека косовската страна влегла во дополнителниот процес, бидејќи е убедена оти по нив ќе биде донесена единствена одлука за независно Косово:

„Јасно е дека не може да има бескрајни преговори за нешто за што е многу тешко да се изнајде решение со консензус меѓу Белград и Приштина. Затоа по дополнителните сто и дваесет дена треба да се најдат модалитети за признавање на независноста на Косово. “

Вели Арифи, додавајќи дека американската поддршка била решавачка за Косово и нејзините граѓани и во минатото и сега.
XS
SM
MD
LG