Достапни линкови

logo-print

Македонија е успешна приказна, сметаат аналитичарите


Македонија слави 16 години независна и самостојна држава. Референдумот е историски чин и генерално приказната за Македонија е успешна сметаат некои од главните учесници на оваа историска епизода за земјата. Сепак кај сите чувствотот не е без горчина и без резерва околу менаџирањето на процесите кои ја доведоа земјата до голема криза пред се на социјален и економски но и на политички и на меѓународен план.

„Потполно бев свесен дека ќе има силен отпор од Грција и мислам дека недоволно реално ги проценивме проблемите што ќе излезат околу уредувањето на односите и позициите околу третманот на албанската етничка заедница во Македонија. Ги запоставивме тие наши право времени интервенции во уредувањето, пред се во областа на образованието, воведувањето на албанскиот јазик итн. Тоа потоа се изроди во една поинаква работа и дојде до оној ограничен конфликт во 2001 година,“

вели од оваа дистанца првиот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов. Народот кој очекуваше да му се промени животот според Андов бил изневерен од неуспешната економска политика. Серија од лоши проценки и превиди довесоа до тоа . беше јасно дека наталожените економски проблеми не можеше да се решат преклу ноќ, но никако не можевме да замислиме дека трансформацијата на општествениот капитал ќе ја добие оваа форма а дека новите олуигарси ќе ја нарушат хармонијата во еконосмаката сфера, вели првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев.

„Чувство на одговорност, а не на грабеж. Се можеше да се реши многу поуспешно и на тој начин Република Македонија можеше да не паѓа во големи долгови, големи социјални зла со голема невработеност, туку да се отвореше просторот на развој. Ние до денеска немаме развој.“

На меѓународен план успевме да го трасираме патот, а како се движаме е друго прашање, вели професор Денко Малески Министер за надворешни работи од 91-93 и амбасадор на Република Македонија во ООН од 93-97 година.

„Борбата за власт од една страна и интересите на државата кои некогаш се спротивни на личните на политичарите и додека дојде до ускладување треба време и сето тоа не чинеше до доцнење во достигнувањето на целите кои го формулиравме,“

вели Малески.
XS
SM
MD
LG