Достапни линкови

Лисабон: Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ


Шефовите на дипломатиите на Европската Унија, на денешниот состанок во Португалија, ќе се обидат да завземат заеднички став за идниот статус на Косово. Извештај ќе поднесе европскиот претставник во преговорите за Косово, Волфганг Ишингер. Велика Британија и Франција се меѓу земјите кои се залагаат за признавање на косовската независност, додека Шпанија, Унгарија, Грција, Словачка, Романија и Кипар се воздржани бидејки страхуваат дека таквиот потег би ги охрабрил сепаратистите во нивните земји. Инаку, на состанокот во Португалија ќе се расправа и за блиско-источниот мировен процес, а ќе присуствува и македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG