Достапни линкови

logo-print

Парламентарците најавуваат дека за неколку месеци ќе почнат да функционираат неколку канцеларии


Додека владата и премиерот се обидуваат да бидат што поблиски до граѓаните што од една страна се оценува како маркетинг, а од други како промена во односот кон граганите, Собранието во кое се носат законите и се креираат политиките се повеќе се оддалечува од теренот. Пратениците од опозицијата критикуваат дека малку им останува време во кое може да одржуваат средби со граѓаните, како последица на набиената агенда во Парламентот:

„Мислам дека во овој парламентарен состав недоволно пратениците комуницираат со граѓаните, затоа што скоро секој ден имаме седница и практично се снаоѓаме за викенд.“

Спротивно од Цветанка Иванова пратеник од СДСМ, Илија Китановски од владеачката ВМРО ДПМНЕ наведува дека нивната пратеничка група успева максимално да го користи времето што им преостнува по седничарењето во Парламентот:

„Бидејќи се заседава секој работен ден го користат пратениците она време што им преостанува, за време на викенд, навечер.“

Но, освен што немаат време пратениците како проблем го наведуваат тоа што овој парламентарен состав сеуште нема канцеларии за комуникација со граганите какви што беа отворени во соработка со Националниот Демократски инсититут и единиците на локалната самуоправа. Пред неколку години заживеја околу 50 вакви канцеларии, но пратениците сметаат дека освен за нивно зголемување треба да почне да се размислува за нивно финансирање од буџетот од државата односно нивно институционализирање. Китановски пак, најавува имплементација на неколку нови канцеларии за еден месец за што веке имало барање на Институот за обезбедување средства:

„Формално ќе има место каде што ќе бидат присутни пратениците барем еден два дена во неделата. Ќе бидеме сместени или во простории на локалната самоуправа или во други простории. Тоа е проект на Националниот Демократски Институт и Владата.“

Пратениците не треба да ја прекинат нишката меѓу граѓаните и власта, тие треба да се потрудат да бидат поблиску до нив, зоишто само на тој начин може да функционира пратеничката демократија. Но, од друга страна според политикологот Лидија Христова пратениците не треба да се сретнуваат со граѓаните како декор или да се отвораат канцеларии само за сликање:

„Нешто од тоа да научат, тоа е целта, а не само да се викнат новинари и да ве сликаат, тоа важи и за пратениците и за било кој политичар. Тоа е реалност која треба да се почитува.“

Во изминатите15 години демокртија кај граѓаните има нездоволство од делувањето на партиите и политичарите. Токму затоа според политиколозите потребно и пратениците да бидат на терен и да видат што се случува во релноста.
XS
SM
MD
LG