Достапни линкови

Белград: Божидар Ѓелиќ и се извини на Црна Гора која српски претставници ја нарекоа „квази држава’


Потпретседателот на српската Влада Божидар Ѓелиќ и се извини на Црна Гора поради изјавата на советникот на премиерот Александар Симиќ на сметка на црногорската држава. Тој наведе дека српската влада и Србија како држава ја признаваат Црна Гора како држава. Советникот Симиќ, по повод забраната за влез на епископот Филарет во Црна Гора и неговата одлука да штрајкува со глад, оцени дека Црна Гора била квази-држава создадена под налетот на сепаратизамот во поранешна Југославија.
XS
SM
MD
LG