Достапни линкови

Лисабон: Средба на министрите за надворешни работи на ЕУ


Во Португалија започнува дводневната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија на кој една од темите на разговорите ќе биде разгледувањето и процесот на преговорите за утврдување на идниот статус на Косово. Главната цел е да се согледа како на завршувањето на преговорите членките на Унијата да заземат единствен став за решението на статусот на Косово. Европскиот претставник во посредничката тројка Волфган Ишингер на министрите ќе им поднесе извештај за првиот состанок на преговарачката тројка одржан минатата недела во Виена.
XS
SM
MD
LG