Достапни линкови

Сиднеј: Владимир Путин во посета на Австралија


Русија и Австралија потпишаа договор со кој се дозволува Русија да увозува австралиски ураниум за употреба во руската цивилна нуклерна програма. Рускиот претседател Владимир Путин и австралискиот премиер Џон Ховард го потпишааа договорот во австралискиот град Сиднеј, каде што Путин ја оствари првата негова посета на Австралија како руски лидер. Путин исто така се очекува да оствари средба со американскиот претседател Џорџ Буш на Самиот за Азиско пацифичката економска сорботка што се одржува во Сиднеј.
XS
SM
MD
LG