Достапни линкови

Лондон: Србија нема воено да одговори ако Косово прогласи независност


Србија нема да одговори воено доколку Косово прогласи независност, изјавил српскиот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ за весникот Фајненшел Тајмс. Тој оценил дека таквата постапка на Приштина би ја отворила Пандорината Кутија и би создала нови безбедносни проблеми во регионот. Од друга страна, весникот Интернешнел Херлад Трибјун пренесува изјава на српскиот државен секретар за Косово Душан Пророковиќ, кој најавил дека во случај Косово да прогласи независност, Србија ќе превземе контра-мерки, како разместување на српски сили во пораината, блокада на косовските граници и трговско ембарго.
XS
SM
MD
LG