Достапни линкови

logo-print

Лондон: Србија нема воено да одговори доколку Косово прогласи независност, вели Јеремиќ


Србија нема воено да одговори доколку Косово унилатерално прогласи независност, изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ за весникот ,,Фајненшл Тајмс,,. Јеремиќ сепак додал дека прогласувањето на независност од страна на Косово ќе претставува отварање на ,,пандорината кутија,, кога станува збор за безбедноснната ситуација во регионот. Од друга страна весникот „Интернешнел Хералд Трубјун“ пишува дека Србија е подготвена да примени сила. Според весникот, српскиот државен секретар за Косово Душан Пророковиќ предочил на низа ,,остри,, мерки во случај Косово да прогласи независност што Западот би ја признал, а меѓу тие мерки се и евентуалното разместување на српските сили во Покраината, блокирање на косовските граници и економско ембарго.
XS
SM
MD
LG