Достапни линкови

Сиднеј: Средба на Џорџ Буш со лидерот на австралиската опозиција Кевин Руд


Американскиот претседател Џорџ Буш во Сиднеј има средба со лидерот на австралиската опозициона Лабуристичка партија Кевин Руд, на која ќе се обиде да го разубеди да престане да се противи на учеството на австралиските сили во војната во Ирак. Руд вети дека доколку победи на годинешните парламентарни избори ќе ги повлече австралиските трупи од Ирак. Инаку, американскиот претседател Џорџ Буш на маргините од Самитот за Азиско-Пацифичка економска соработка што се одржува во Сиднеј, денеска треба да се сретне со кинескиот претседател Ху Џинтао.
XS
SM
MD
LG