Достапни линкови

Проект на УСАИД за поддршка на компаниите што се занимаваат со рециклирање


Граѓаните кои собираат пластични шишиња, најчесто тоа го прават рачно, а потоа ги складираат во џамбо вреќа која може да собере околу 600 шишиња и ги продаваат во откупните пунктови. Според Камбер Мамутовски кого најчесто можеме да го сретнеме во центарот на Скопје и градскиот парк како собира шишиња,за него и неговото седум члено семејство оваа е единствениот начин за егсистенција. Тој вели дека за една џамбо вреќа му плаќаат по 160 денари.

„Имам четири внуци, син, снаа, жена, мора да се заработи.“

Откако граѓаните ке ги донесат шишињата во откупните центри,потоа тие ги препродаваат на поголемите фирми кои се занимаваат со рециклажа на пластика.

Лазе Захариев директор на фирма за рециклажа од Радовиш вели дека откупните цени се движат од 300 до 500 евра за еден тон:

„Варира цената, се зависи за каков купувач, дали е трговец, директно итн.“

Со цел да се зајакне тековното собирање на пластика и да се прошири програмата низ цела Македонија што ке доведе до понатамошен развој на економски исплатлива програма за рециклирање на пластика, американската агенција УСАИД во текот на минатиот месец обезбеди 25 илјади долари за компаниите за рециклирање да инвестираат во опрема и алати за процесирање на употребени пластични шишиња.

„Поддршката за компаниите кои работат на рециклирање на амбалажа би била во висина од 150 илјади долари“

вели Ариен Тоска, проект менаџер на проектот за рециклирање на пластична амбалажа. Во текот на следните две години, од УСАИД планираат да инвестираат 1 милион долари во оваа област.
XS
SM
MD
LG