Достапни линкови

Работата на терен би ги намалило тензиите, сметаат експертите


Контекстот на решавањето на косовското прашање во Македонија ги направи почувствителни информациите кои најавуваат насока на вжештување на безбедносната сосотојба во земјава. Објавата на Џезаир Шаќири Хоџа дека во Танушевци има вооружени лица и дека ќе организира референдум за отцепување на селото и припојување кон Косово беше првиот од ваквите настани, а потоа бегството на Џејми Шеј од затворот беше протолкувано како можна закана за безбедноста како и изјавите на негови роднини по приведувањето кои содржеа закани до претставници на власта. Експертите посочуваат дека претставниците на албанските партии доколку работат на терен, меѓу своите гласачи, би можеле да влијаат на намалување на тензиите:

„Делот во кој може да делуваат е преку пласирањето на адекватните информации, преку транспарентната работа, преку информирањето на населението за збиднувањата. Знаете лесно е во некое село кое не е во центарот на информациите да се пласираат разни информации и дезинформации кој некој треба да ги аргументира или да ги негира. Значи партиите преку своето членство можат на преку работа на терен да ги намалуваат тензиите.“

Вели Аналитичарот Алберт Муслиу.
Од ДУИ пак велат дека работат на терен, но дека нивните акции се минирани од страна на Владата:

„Ние се ангажиравме и ги надминавме некои проблеми. Сигурно дека сме ангажирани во правец на надминување на таквите состојби, но за жал поради некои ефекти и потези на Владата сме оневозможени да бидеме ефективни.“

Вели пратеникот од Демократската унија за интеграција Азис Положани.
Од владеачката Демократска Партија на албанците не можевме да обезбедиме коментар, но од Партијата за Демократски Просперитет која исто така е дел од владејачката коалиција велат дека тие работат на терен но дека нивното членство не е тоа кое што предизвикува проблеми:

„Тоа е едуциран електорат и едуцирано членство, така што ние апсолутно немаме проблеми во однос на тие што би правеле екцесни ситуации односно инциденти.“

Вели Исмет Рамадани од ПДП и додава дека другите партии би можеле повеќе да влијаат меѓу нивното членство.

„Пратениците го губат теренот, односно многу малку коренспондираат, а и малку се присутни кај граѓаните односно кај нивните избирачи.“

Објаснува Рамадани.
XS
SM
MD
LG