Достапни линкови

Проблемот е во самиот старт при подготовката на законот за локална самоуправа


Две години од процесот на децентрализација чија цел е осамосотојување на општините, поголема независност, а со преземањето на надлежностите и поголема одговорност на градоначалниците со локалните единици со кои раководат, во пракса политиката и влијанието на централната власт очигледно сеуште имаат ,,главна улога,, во овој процес. Тоа е случај во повеќе свери како урбанизмот, градежништвото, а најактуелно деновиве политичкото влијание и превирањата на релација локална - централна власт се случи во образованието, каде се направија бројни смени на училишниот кадар и на директорите на училиштата. Горан Ангeлов поранешен претседател на ЗЕЛС вели дека проблемите се во самиот старт - при подготовката на законот за локална самоуправа:

„За жал уште кога се креираше законот за локална самоуправа кој е основа на самиот процес на децентрализација, ние и во тој момент кажавме дека за жал државата има одредени механизми со кои може да врши ,,упади“ во системот на локална самоуправа, посебно во системот на образование.“

Вели Ангелов. Според експертите таму каде што на локално ниво се случиле некои технички проблеми секогаш се наоѓало решение, но кога станува збор за распределба на функции, или конкретно во сверата на образованието именувањето на училишни директори, на површина излегува ,,политичкото влијание.,, Градоначалникот на општина Гази Баба Коце Трајановски не се согласува со ова. Смета дека токму ангажираноста ,,две години,, да се решат финансиските проблеми на општините ги маргинализираше суштинските прашања:

„Ние две години не се занимавме со овие работи кои што се посуптилни и потешки, туку се занимаваме со финансиски кои што ни беа скратени и гледавме како тоа да го надополниме.“

истакнува Трајановски. Првиот човек на ЗЕЛС Андреј Петров пак, посочува дека со повеќе сили мора да се избегне конфликтот централна – локална власт и влијанието на политиката. Петров со забелешки поради мешањето на централната власт во работата на општините:

„Имаме одредени проблеми меѓутоа ние сме тука за заедно да ги решаваме. Мислам дека е изграден добар дијалог помеѓу централната и локалната власт, меѓутоа сосема сигурно е дека има одредени министри кои што немаат абер за тоа што е децентрализацијата. Мислам конкретно на министерот за образование, кој одзема ученички дом во Гостивар без било каква причина.“

изјавува Петров.
XS
SM
MD
LG