Достапни линкови

Сомневање во намерата на Џорџ Буш дека ќе започне повлекувањето на американските трупи


Првиот од трите извештаи за Ирак се доставени до Конгресот, ден по посетата на Претседателот Џорџ Буш на Багдад кога тој на американските војници им рече дека доколку ситуацијата продолжи да се подобрува ке започне нивното повлекување. Меѓутоа во извештајот до Конгресот се наведува дека насилството се зголемува, а политичкиот прогрес е во застој што предизвикува сомневање во оствраливоста на намерата на Буш.

Извештајот на непартискиот Џенерал Акоунтинг офис дава црна слика за политичкиот и воениот напредок во Ирак и покрај дополнителните 30 илјади американски трупи во земјата. Се наведува дека ирачката влада остварила само 3 од 18 те политички и безбедносни цели. Владат на Млиќи се посвети на подршка на Багдадскиот безбедносен план, на креација на креација на безбедносни станици во соседството на главниот град и заштитата на правата малцинските политички партии во владата. Во истовреме несупех е доживеан во следниве области. Не се редуцирани верските насилства, нема разоружување на милитантите, не е зголемен бројот на ирачките војници кои оперираат независно и нема легислатива за де беатификација на земјата. Сега има 160 илјади америакнски војници во Ирак. Немањето прогрес, според демократскиот сенатор Џон Кери, фрла сомнеж врз исправноста на одлуката на Буш да испрати дополнителни сили.

„Основната цел на новиот бран војници беше да и се даде простор на ирачката влада за да ги оствари овие цели за напредок. И кога гледаме неуспех во целосната имплементација, јасно е дека има степен на на несупех во политиката која не функционира.“

На прашањето на сенаторите кога ирачките сили ќе бидат подготвени да ја одржуваат безбеднсота во местата кои се обезбедени од американските сили шефот на непартиската ГАО Дејвид Волкер одговори.

„Тоа е значајно прашање кога и дали ирачките сили ке бидат способни да одржуваат безбедност во подрачјата без директна помош на америакнските сили. Засега тие добиваат помош во логистика, разузнавање и други видови.“

Објавувањето на извештаите на ГАО преставуваат критичен тест за Бушовата воена стратегија во Конгресот. Досега репуибликанците му се лојални во превенција на намерите на демократрите да се редуцира финансирањето на војната, но со зголемената желба на американскиот народ за враќање на војниците и кампањата за претседателските избори дури и неговите најголеми следбеници се надеваат на некаков опиплив успех во Ирак.
XS
SM
MD
LG