Достапни линкови

Букурешт: Белград е подготвен да отиде „многу далеку“ за наоѓање решение за Косово


Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ вчера во Букурешт изјави дека Белград е подготвен да отиде „многу далеку“ со цел да се постигне компромис за косовското прашање. Шефот на српската дипломатија која како гостин учествуваше на редовната годишна средба на романската дипломатија, објасни дека Србија под компромис подразбира „усогласување на легитимните барања за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет со законските права на косовската албанска заедница за максимален степен на автономија“.Јеремич повтори дека Србија е остро против поделбата на нејзината територија и изрази оптимизам за брзи преговори мегу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG