Достапни линкови

Сиднеј: Средба на Џорџ Буш и Џон Хауард


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ќе се сретне со австралискиот премиер Џон Хауард. По ненадејната посета на Ирак , Буш вчера пристигна во Австралија каде со Хауард ќе разговара како подготовка за Самитот за Азиско – Пацифичка економска соработка кој треба да се одржи кон крајот на неделата. Како што јавуваат агенциите се очекува голем дел од разговорите да се однесуваат на состојбата во Ирак каде Австралија има распоредено околу 1600 свои војници. Како главни теми пак се очекува да се наметнат климатските промени и глобалното затоплување и создавање на Азиско Пацифичка слободна трговска зона.
XS
SM
MD
LG