Достапни линкови

Виена: Делегациите на Белград и Приштина се подготвени за директен дијалог во Њујорк


Делегациите на Белград и на Приштина на минатонеделните состаноци во Виена ја потврдија подготвеноста за започнување директен дијалог во Њујорк, изјави денеска рускиот претставник во преговарачката тројка за Косово Александар Боцан Харченко. Според него, состанокот би требало да се одржи на дваесет и седми овој месец. ,,Ако до него дојде, тоа ќе биде етапа на пресврт во преговарачкиот процес,, рече рускиот дипломат Харченко.
XS
SM
MD
LG