Достапни линкови

Равалпинди: Во самоубиствени напади најмалку 24 лица загинале


Најмалку дваесет и четири луѓе загинале, а шеесетина други биле ранети во денешните две експлозии во пакистанскиот град Равалпинди, соопшти претставник на пакистанската војска. Тој прецизира дека станува збор за самоубиствени напади на проталибанските приврзаници. Во Равалпинди е сместен главниот штаб на пакистанската армија.
XS
SM
MD
LG