Достапни линкови

Вашингтон: Северна Кореа и натаму е на американскиот список на земји кои го помагаат тероризмот


Американскиот преговарач за процесот на денуклеаризација на Северна Кореа Кристофер Хил денеска изјави дека таа земја останува на американскиот список на државите кои го помагаат тероризмот. Хил додаде дека за да биде отстранета од тој список Северна Кореа ќе мора целосно да ја напушти нуклеарната програма. Вчера Пјонгјанг соопшти дека Вашингтон на минатонеделните разговори меѓу двете страни во Виена се согласил да ја отстрани Северна Кореа од црната листа.
XS
SM
MD
LG