Достапни линкови

Виена: Отворено е прашањето за преговори меѓу РМ и ЕУ за време на словенечкото претседателство


,,Прашањето дали Македонија, која е кандидат за членство во Европската Унија, ќе ги почне преговорите под словенечкото претседателство, се уште е отворено,,. Ова за денешното издание на австрискиот весник Курир го изјави државниот секретар за европски прашања Јанез Ленарчиќ, додавајќи дека тоа зависи од извештајот на Европската комисија за Македонија, што ќе биде објавен во ноември. Во врска со Косово, тој смета дека прашањето за статусот може да „падне“ и во време на словенечкото претседавање со Унија во првата половина од идната година.
XS
SM
MD
LG