Достапни линкови

logo-print

Лошата кохабитација произлегува од различните извори на информации, велат експертите


Агенцијата за разузнавање која се наоѓа под претседателот на државата и Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање која функционира во рамки на Министерството за внатрешни работи соработуваат меѓу себе и одржуваат редовно состаноци на кои ги разменуваат информациите, велат од МВР иако јавноста пак периодов повторно беше сведок на препукувањата меѓу различните институции. Во врска со изјавата на претседателот на државата Бранко Црвенсковки дека безбедносната сотојба е стабилна, но поучени од 2001 година треба да посветиме внимание на навидум безначајните инциденти, порпаторолот Иво Котевски вели:

„Не би сакале да ја коментираме изјавата на претседателот на Советот за безбедност иако таа е малку чудна, бидејќи пред две недели кога се одржа седницата на Советот за безбедност оценките беа во поинаква насока.“

Од Кабинетот на претседателот објаснуваат дека Црвенковски од Советот за безбедност досега воопшто не го ревидирал својот став. Тој и понатаму смета дека безбедносната состојба е стабилна, но потенцира дека треба да се посвети внимание. Не е точно дека тој рече дека ни се повторува 2001 година туку дека само некои елементи потсетуваат на времето пред конфликтот, велат од Кабинетот на претседателот. Слично како од МВР и од таму велат дека Агенцијата за разузнавање и ДБК по потреба соработуваат и разменуваат информации. Безбеднотите експерти пак оценуваат дека лошата кохабитација мегу владата и претседателот и сега излезе на површина. Универзитетскиот професор Стојан Кузев вели дека спротивните ставови на институциите прозлегуваат од различните извори на информации:

„Меѓутоа различните институции кои што прибираат информации понатаму при нивната аналитика и разработка мора да имаат одредена координација на заедничко ниво што значи само селектирани, проверени информации треба да пристигнуваат до различните институции на државната власт.“

вели Кузев и додава дека ваквите препукувања лошо влијаат врз безбедноста во државава:

„Обичниот граѓанин во Македонија различните оценки го демотивираат во пристапот кон безбедноста на својата држава и во неговата мобилизација во разрешување на безбедносната состојба која не соодвествува со состојбата именувана како мир. Конечно највисоките институции во државата, владата преку премиерот и претседателот мораат да разберат дека соработката и кохабитацијата меѓу нив не смее да биде само форма, туку треба да биде вистинска и обединувачка особено кога се работи за националните интереси на државата односно нејзината безбедност.“

објаснува Кузев.
XS
SM
MD
LG