Достапни линкови

Скопје: Началникот на Генералштабот на Србија Здравко Понош во посета на Македонија


Претседателот на Република Македонија Брaнко Црвенковски ќе го прими началникот на Генералштабот на војската на Република Србија Здравко Понош, кој е во официјална посета на земјава. Српскиот генерал вчера се сретна со својот македонски колега Мирослав Стојановски, со кого разговараше за достигнувањата постигнати во одбранбениот сектор и воената соработка. Дали ќе се дестабилизира регионот доколку набргу не се реши прашањето за Косово, е прашање за политичарите, оценија тие по средбата. Генерал Понош вчера беше примен и од министерот за одбрана Лазар Еленовски.
XS
SM
MD
LG