Достапни линкови

logo-print

Белград: Продолжува посетата на претставникот на ЕУ во посредничката тројка Волфганг Ишингер


Претставникот на ЕУ во посредничката тројка за решавање на статусот на Косово Волфганг Ишингер ја продолжува посетата на Белград, каде што со највисоките српски претставници разговара за продолжување на процесот на преговори. Германскиот дипломат денеска ќе се сретне со српскиот премиер Воислав Коштуница. По вчерашните средби со претседателот Борис Тадиќ и со министрите Вук Јеремиќ и Слободан Самарџиќ Ишингер не дал изјава, како и за време на неодамнешната посета на Приштина. Тадиќ, пак, рекол дека на средбата со Ишингер ја истакнал неопходноста од пристапување кон директни преговори меѓу Белград и Приштина, на кои би се дошло до компромисно решение прифатливо за двете страни.
XS
SM
MD
LG