Достапни линкови

logo-print

Приштина: КФОР е подготвен да обезбеди мир на Косово за време на изборите


Командантот на мировните сили на Косово, францускиот генерал Гзавие Бо де Марнак изјави дека КФОР е подготвен да обезбеди ред и мир пред, за време и по најавените избори во покраината.Тој ова го рекол по средбата со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, премиерот Агим Чеку и претседателот на Собранието Кољ Бериша. Де Марнак, кој на оваа должност се наоѓа од пред неколку дена, истакна дека мисијата на КФОР ќе продолжи да ги извршува задачите за обезбедување сигурна средина на Косово, како и во регионот. Косовските парламентарни и локални избори се закажани за 17 ноември годинава.
XS
SM
MD
LG