Достапни линкови

Брисел: Грција ја обновува идејата за европски сили за цивилна заштита по пожарите во земјата


Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани во Брисел повторно побара обновување на идејата за европски сили за цивилна заштита по катастрофалните пожари во Грција. Инаку, во Грција речиси сите шумски пожари се изгаснати. Според претставник на пожарникарските служби, пожарите во сите области се ставени под контрола, но и натаму е исклучително висока опасноста од можни шумски пожари. Грчкото Министерство за здравство соопшти дека во пожарите што ја зафатија земјата животот го загубиле 65 лица.
XS
SM
MD
LG