Достапни линкови

logo-print

Градежните работи во почнаа со почетокот на „шпицот“ во сообраќајот


Хаосот што владее во сообракајот за скопјани веке е секојдневие. Граѓаните велат дека со почетокот на школската година сообраќајот е отежнат:

„Тешко е. Навикнат сум по улициве, метежот од денеска е веќе...“
„Малку е потешко денеска, има повеќе турканици.“


Главната вина,граѓаните ја наогаат во локалните власти,додека пак некои од нив велат дека сообракајната полиција дополнително го отежнуваат сообракајот.

„Не знам што да ви кажам, малтртирани сме од жандармерија.“
„Решение има, не може за ниту еден проблем да нема решение.“
„Полицијата прави поголем метеж кога го регулира сообраќајот.“


Во период кога сообракајот е зголемен, локалните власти започнаа со изградба на подвозник на булеварот Александар Македонски кај хотелот Континентал кој треба да биде завршен за четири месеци. Зошто сега започнале со работа а не на лето кога сообраќајот е намален, раководителот на секторот за сообракај на град Скопје, Јован Христовски објаснува:

„Клучката на Континентал се работи од средината на јуни месец. Се појави кабел на „Македонска Пошта“ и проблеми со него, затоа што тие многу долго го дислоцираа. Дури до сега, официјално беше сета дислокација, ние не можевме веќе да чекаме и мораше да се воведат времени услови за сообраќај“

Тој исто така додава дека од осми септември годинава ќе биде пуштен во употреба и булеварот Словенија

„Значи со тоа автоматски возилата од Бутел и Чаир кон центарот на градот ќе може да го користат Булевар Словенија, магистралниот пат за Косово и со тоа додатно би ја растеретиле гужвата кај Судска Палата.“

Зголемениот сообракај,дополнително го отежнува и паркирањето на возилата. Од Пајак службата велат дека засега имаат нормален тек на работата и дека интервенираат во зависност од потребите што ги има на терен

„Тоа значи дека доколку има делови во градот зголемена потреба и повеќе непрописно паркирани возила, ќе реагираме соодветно за да ги отстраниме тие возила,“

објаснува Миле Менковски, раководител на пајак службата.
XS
SM
MD
LG