Достапни линкови

Интернет страниците на партиите се од отворен тип и се ажурираат дневно


Политичките партии до пред извесно време кон своите интернет страници се однесуваа како кон нешто споредно,но во последниот период тие прераснуваат во едно од главните средства, со кое се обидуваат да ги придобијат потенцијалните гласачи.Веб страниците на сите политички партии се речиси идентични. На сличен начин се презентираат најновите информации од партиските прес-конференции, партиски собири, конгреси, програми, статути, податоци за лидерите, нивни интервјуа во медиумите.

Од Социјал демократскиот сојуз велат дека во интернетот гледаат поволност за информирање на граѓаните за нивните политички ставови.

„Нашата Интернет страница секојдневно се ажурира. На неа се достапни сите информации кои се битни за скојдневното работење на партијата. Истовремено, во нашиот интерен меил сервер ги имаме вклучено сите носители на функции и органи во партијата како и сите општински организации. Така што сите вклучени во меил серверот добиваат информации дневно. Значи, нашата веб страна е од отворен карактер и постојат можности за отворање коментари,“

вели Александар Чеботарев член на управниот одбор на СДСМ.Тој исто така додава дека не ја користат веб страницата за излагање на коментари против владеачката партија.

„Нашиот аналитички центар примената на Интернетот ја гледа од афирмативен аспект, односно од аспект на пренесување на нашите ставови, до сега имало повеќе проби од независни интелектуални и организирани групи преку блогови да формираат интелектуално јадро кое ги следи политичките активности, меѓутоа како организирана форма СДСМ не ги користи тие форми.“

Интернет страната на демократската партија на Албанците е исто така од отворен карактер

„Секој може да даде мислење во врска со нашата работа,“

вели Фатмира Исаку портпарол на ДПА

Ванчо Чабуковски претседател на комисијата за информатика и телекомуникации на Новата социјал демократска партија вели дека најчесто го користеле интернетот пред и за време на изборите. Во предизборието на страницата на оваа партија можеше да се прочита виц кој го исмејуваше владеењето на претходната власт. За ова, Чабуковски вели:

„Станува збор за период каде што можеби некои такви работи се дозволени. Во овој момент не би требало да стои тој виц таму, но ете поради проблеми со ажурирање на сегментот на вицевите, бидејќи беше планирано да има вицеви на денот, меѓутоа ако го видите вицот не гледам зла намера,“

објаснува Чабуковски.
XS
SM
MD
LG