Достапни линкови

logo-print

Сеул: Јужно корејските заложници се вратија дома


Деветнаесет јужнокорејски христијански мисионери, кои талибанците ги држеа како заложници шест недели, стигнаа денеска изутрина во Јужна Кореја, потврдиле службениците на аеродромот во Сеул. Поранешните заложници по ослободувањето прво беа пренесени во Дубаи, од каде стигнаа во главниот град на својата земја. Според очевидци, изгледале исцрпено. Јужнокорејскиот министер за надворешни работи на барањето да даде коментар на тврдењето дека властите преговарале со талибанците на начин со кој ги прекршиле меѓународните норми одговорил дека „владата морала да најде рамнотежа помеѓу меѓународните норми на постапување во такви ситуации и спасувањето на животите како апсолутен приоритет“.
XS
SM
MD
LG