Достапни линкови

Скопје: Уапсен Џемаил Исеини


Специјалните едници на МВР утрово го уапсија Џемаил Исеини, попознат како „командант Џејми Шеј“, кој минатата недела побегна од КПД „Идризово“. Исеини е уапсен од неговата куќа во кумановското село Лојане. По приведувањето, однесен е на распит во полициската станица во Автокоманда, од каде треба да биде вратен во КПД „Идризово“ на издржување на затворската казна. Џемаил Исеини побегна од „Идризово“ минатиот петок, откако управата на затворот му дозволи да присуствува на погребот на мајка му. Беше осуден на седум години затвор, во неговото досие се поставените бомби на пругата Скопје-Белград кај Ваксинце и оние во центарот на Куманово. Со него беа осудени и Чакала и Бељули.
XS
SM
MD
LG