Достапни линкови

Целта е намалување на влијанието на Албанците во Македонија, реагира ДУИ


Со загарантираните 10 пратенички столчиња за припадниците на помалите етнички заедници и 3 за иселениците ке се намали влијанието на албанските гласачи коментира пратеникот од ДУИ Азис Положани по измените на изборниот законик кој ги промовираше владата.

„Целта е тоа и сигурно дека кога тоа би се прифатило би имале намалување на моќта на албанскиот фактор и непочитување на нивната волја, повикувајќи се секогаш на гласачите на малцинските заедници.“

Положани смета дека ако се оди со такво решение за помалите етнички заедници тогаш тоа треба да важи за сите

„Гарантирањето само за некои ќе го отвори процесот на поинакво уредување и креирање на механизми против мајоризација од страна меѓу Македонците и Албанците што е долг и макотрпен процес.“

Абдулади Вејсели претседателот на ПДП, партија која е дел од владеачката коалицијата вели дека власта треба да се води од тоа дека Бадентеровиот принцип е направен за да се остварат правата на Албанците а не за пазарењето на политичките партии:

„Политичките инаети треба да останат на страна и кога е во интерес на Албанците треба политичките партии да најдат заеднички јазик и тогаш најверојатно нема да се девалвира албанската популација во Македонија.“

И политиколог Дане Талески смета дека идејата за парламент со 133 места потекнува од владеачката ВМРО ДПМНЕ која без пратениците на ДУИ не може да обезбеди Бадентерово мнозинство:

„Најголемата партија прави една проста математика. Дека Бадентерово мнозинство би можело да се обезбеди со пратениците од ДПА и поддршката на другите малцинства. Но, тоа би го намалило квалитетот на донесување на одлуките, затоа што не е важно само одлуките да бидат изгласани со одреден број на пратеници, туку битно е и кој го поддржува,“

вели Талески и додава дека ваквиот потег би предизвикал и други промени во државното уредување

„Уште никој на тоа не помислува дека значајно треба да се промени коалицијата владеачка. Сега се потребни 61 место, а доколку се зголеми бројот на пратеници на 133 тогаш ќе бидат потребни повеќе, со ваква сегментираност на изборните резултати во Македонија, тоа значи уште пошироки коалиции.“
XS
SM
MD
LG