Достапни линкови

Дали актуелните случувања во Танушевци се копија на оние од 2001-та година?


Власта води конфликта политика и врши притисоци врз членовите на ДУИ а тоа не и е потребно на државата во период кога се решава статусот на Косово, ова вели членот на претседателството на ДУИ Муса Џафери било разговарно на вчерашниот состанок на Централното претседателство на партијата. За таквата ситуација, вели Џафери ќе ги информираат сите свои членови и претставниците на меѓународната заедница:

„Работите се ориентирани дека некои политички групации се прикажуваат дека се најмоќни преку законот и тоа се чувствува кај граѓаните има некое чувство на тероризација, можеме да дојдеме до некои конфликти внатре. Членовите на некоја политичката групација или граѓаните со овие нелегални групации кои имаат подршка од безбедносните органи.“

На состанокот членовите изразиле загриженост и за начинот на кој што се отвори случајот Танушевци, вели Џавери:

„Првиот чекор беше една грешка што ја создаде оваа ситуација дека таму почнувајќи од тоа како што се изјаснува Џезаир Шаќири е дека владата не покажа добра воља да им се извини индиректно на граѓаните дека првиот напад беше некој натрпевар меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДПА.“

Актуелните случувања во Танушевџи се бледа копија на 2001-та година, смета професорот на Факултетот за мировни и одбрамбени студии Биљана Ванковска. Пред шест години, вели Ванковска имаше услови конфликтот кој почна како криминален да евалуира како политички:

„Во 2001-та навистина имавме еволуција на конфликтот од чисто криминални групи кои транзитираа преку границата и практично интервенцијата на полицијата им ги прекрати рутите низ кои тие шверцуваа, потоа на нив се „накалемија“ и политичките структури кои секако и претходно работеле на случајот. Во овој момент јас негледам кои се тие силни финансиски, политички и воени моќни структури кои што би го следеле патот на Хоџа.“

Инаку, против Џезари Шаќири е поднесена кривична пријава за дело грабнување сторено во мај 2002-та година. Неговата најава е дека ќе организира референдум за отцепување на Танушевци и припојување кон Косово.
XS
SM
MD
LG