Достапни линкови

Виена: Процесот за решавање на статусот на Косово врз принципите на Контакт Групата


Преговарачката тројка за Косово по разговорите со делегациите на Белград и на Приштина во Виена соопшти дека процесот на решавањето на статусот на Косово останува на принципите на Контакт групата и дека не станало збор за поделба на Косово. Србите и косовските Албанци се изјаснија дека нема да го изложат на опасност новиот круг преговори за иднината на Косово, изјави претставникот на ЕУ во преговарачкиот тим, Волфганг Ишингер. Тој најави за крајот на септември во Њујорк следна средба на тројката со Белград и со Приштина.
XS
SM
MD
LG