Достапни линкови

Учебниците од две до пет илјади денари


Традиционално, потрошувачката кошничка за месецот кој не очекува, септември се зголемува. Учебната година им задава уште еден проблем на родителите.За опремување на двајца ученици е потребна просечна македонска плата,велат граѓаните.Тие исто така велат дека со оглед на нивниот скромен буџет книгите се поскапи.

„Скапо е за стандардот, но тоа е.“
„За шесто одделение е 4,500 денари.“
„Комплетот е околу 2,000“
„Скапо е, јас имам два ученика, плус едно дете во градинка и скапо ми е, и тоа не ги земав ниту половина од книгите.“


Дополнителен трошок за родителите е и школскиот прибор.

„Сигурно, ова е основното, плус тетратки, боици и тековни материјали, сигурно уште 50 до 100 евра.“

Георги Симевски претседател на здружението на книжари,вели дека цените за книгите кои се наменети за децата од прво до четврто одделение се движат од две илјади денари до четири илјади.

„Од прво до четврто одделение цената се движи од 2,000 до 4,000 денари“

објаснува Симевски и додава дека книгите наменети за децата од петто до осмо чинат околу пет илјади денари.

„Нивната цена се движи од 3,500 до 5,000. Учебниците за странски јазик, за наглиски е 450 денари, а за германски е 850 денари, значи во цената 1,300 денари учествуваат странските јазици.“

Според Симевски,проблемите во учебникарството кои биле присутни во изминатите години полека се надминуваат.

„Проблеми имало и ќе има, но се надеваме дека ќе ги решаваме. Годинава се многу помалку и може да се решаваат.“

Од годинава проблем имаат и родителите, чии деца се во подготвителна настава, кои се обврзани да купуваат учебници. Помагалата за подготвителната настава достигнуваат и цена од 500 денари.
XS
SM
MD
LG