Достапни линкови

Косовското прашање не е поврзани со македонските аспирации за членство во НАТО, вели Јунг


Косовското прашање не е поврзано со македонските аспирации за членство во НАТО, изјави денеска во рамки на посетата на Скопје германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг по средбата со неговиот домаќин, македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски:

„Тоа е сосема независно едно од друго, навистина од пресудно значење ќе биде Макеодонија да ги исполни условите, извештајот за напредокот во септември да биде позитивен и на тој начин да се отвори перспективата. Меѓутоа сето тоа не е поврзано со развојот на преговорите за финалниот статус на Косово.“

Изјави Јунг. Македонските и германскиот министер посочија дека се согласуваат оти планот на Марти Ахтисари претставува основа за добро решение за Косовскиот статус додека поделбата на Косово би била погрешен чекор.Германскиот министер за одбрана во делот на аспирациите на Македонија за членството во НАТО посебно оцени дека земјава напреднала во однос на воените реформи, оти постои висок политички и национален консензус, а ја потенцираше и важноста од учеството во меѓународните мисии што заедно со исполнувањето на останатите услови како што рече отвара добри персективи:

„Во областа на воените реформи Македонија во меѓувреме е до толку напредната што навистина во тој поглед се отвара добра персепктива за членството на земјата во НАТО, но секако има други свери што треба да следат допрва. Вие знаете дека во септември месец НАТО ќе го престави својот извештај за постигнатиот напредок на Македонија веќе како подготовка за одлуките што ќе бидат донесени во април на самитот во Букурешт.“

Се надевам нема да ја пропуштиме шансата во Букурешт за добивање покана за членството во НАТО изјави пак министерот за одбрана Лазар Еленовски.

„Ние во овој скратен циклус ќе поработиме сериозно на другите прашања, како одредените прашања што ни остануваат во сверата на реформите во судството и во градењето на правната држава и во одредени политички релации.“

Освен со министерот Еленовски, германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг се среќава и со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Јунг е во неколку дневна турнеја низ земјите од Западен Балкан. Тој пред Скопје, вчера го посети Загреб, а следни станици од неговата турнеја се Тирана и Приштина.
XS
SM
MD
LG