Достапни линкови

Атина: Стивнуваат пожарите во Грција


Пожарите во Грција во кои загинаа 64 лица и причинија милионски штети денеска го губат интензитетот. Синоќа во повеќе грчки градови имаше протести поради начинот на кој владата се справила со пожарите, а пред банките се создадоа долги редици откако вчера започна исплатата на обесштетувањата на настраданите во пожарите во земјата, јавија грчките медиуми. Процедурата на исплата е поедноставена, па оштетените со само една приложена декларација да можат да земат компензација, која се движи од три до 10 илјади евра.
XS
SM
MD
LG